ГЛОБА И ДО 3000 ЕВРА: Солени казни на плажите во Шпанија…
Пушењето на плажа, фаќањето на место, како и капењето кај црвено знаме може да ве чини на плажите во Шпанија и соседните нејзини острови и до 1.500 евра.
Со до 3000 евра пак можат да ве казнат за прошетка по плажа со домашното милениче.
Причината - недостаток на националното законодавство и многуте локални одредби кои му пречат на одморот на туристите кои не можат да го претворат во вистинска авантура, објаија шпански медиуми.
Пушењето на плажа на островот Гран Канарија може да ве чини 450 евра, а капењето кај црвено знаме - околу 1500 евра.
Рибарството без дозвола во водовод на област Валенсија ќе ви излезе уште посолено- во зависност од прекршокот, санкцијата може да стигне до 90 илјади евра.
„И покрај постоењето на Закон за крајбрежниот појас во цела Шпанија, има некои „законски дупки“, кои им овозможуваат на поединечните провинции да донесе свои одредби“, објаснува пред Efe адвокат Антонио Реина.
Според него токму оваа ултра регулација доведува до постојан судир на надлежности - меѓу оние на национално и на локално ниво.
Ако не го контролирате кучето за време на одморот во Ибица, џебот може да ви биде олеснет до 3.000 евра. Плажа, наменета за вашиот миленик, може да најдете во Бокабаранко (Лас Палмас, Канарските Острови), Фигеретас (Ибица, Балеарските острови), Ел Ринконин (Астуриас, континентална Шпанија), Иевант (Барселона, континентална Шпанија) и други места.
Но дури и таму кучето треба задолжително да биде врзано за рака, да ги носите неговите документи, да ја собирате неговата столица и, се разбира, во случај на проблем, да ја носите целата одговорност за него.
„Ги разбирам сопствениците на домашни миленичиња, но официјално не е дозволено тие да стојат по 24 часа на ден поради здравствени причини, бидејќи комбинацијата на кучешката урина и високите температури, доведува до појава на болви“, коментира Антонио Алседо, претседател на Професионалната асоцијација на плажите и животната средина.
Пристапот до плажите во Шпанија е слободен и бесплатен, но ако сакате да одите голи, треба да се информирате однапред за местата определени за нудисти. Во спротивно може да го навлечете гневот на останатите туристи, а и ризикувате да платите солена казна.
Нема како да се зачува просторот на првата линија на плажа само со распнувањето на чадор или крпи и да одите да се послужите со пиво во блискиот кафе бар.
Во Сан Бартоломе де Тирахана (Гран Канарија) на пример, поставување на чадор со таква цел на плажи на Маспаломас и Плажа дел Инглес се казнува до 750 евра.
Причината - според законот резервација на такво парче песок е нелегално, бидејќи „плажите се на сите Шпанци“. Затоа подобро стојте во близина на багажот и внимавајте на личниот прибор.
Пушењето на отворени места во Шпанија не е забрането, но некои од провинциите се вклучија во иницијативата „Плажи без пушење“и органите на редот ги следат строго натрапниците.
Во Моган (Лас Палмас, Канарските Острови) - едно од првите места со апсолутна забрана за пушење, палење на цигара може да ве чини 450 евра.
Безплатнoто кампингување исто така не е дозволено, како и паркирањето на возило на улицата. Во Сан Хавиер (Мурсија) може да ви казнат со до 1.500 евра ако го оставите возилото повеќе од три дена на истото место.
