Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глигоров: Економската криза најмногу го погоди Балканот

Глигоров: Економската криза најмногу го погоди Балканот
Светската економска криза најмногу го погоди Балканот, оценил соработникот на Меѓународниот институт за економски студии од Виена, Владимир Глигоров.
На седница на Управниот одбор на Економската комора на Црна Гора во Подгорица тој истакнал дека  балканските земји се потпираат на страната на изворите на средства кои, како што навел, “не се адекватно алоцирани“.
-Финансиските сметки покажуваат одлив на капитал, а недостигот од прилив не може да се надомести со емисија на пари бидејќи најголемиот дел од кредитите се во евра, објаснил Глигоров.
 Корпоративниот сектор  според Глигоров во балканските земји е во лоша состојба затоа  потребно негово сериозно реструктуирање преку преземање, продажба, затворање на компании што е комплициран процес кој има рецесивно дејство.
Ненаплатените побарувања исто така се голем проблем за компаниите . Тој ги навел податоците на Меѓународниот монетарен фонд: во Хрватска има 25 отсто ненаплатени побарувања, а толку и во Србија.  Додека индустриското производство во развиените земји на Централна Европа е двојно зголемено во последните 20 години, а на Балканот се намалило за 40 до 70 отсто.
Слично

Поврзани вести