Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гледаме економски аматеризам, кој ја злоупотребува наивноста на луѓето заради предизборни цели“: Трајковски со остра критика

„Гледаме економски аматеризам, кој ја злоупотребува наивноста на луѓето заради предизборни цели“: Трајковски со остра критика

Сведоци сме на уште еден бран политичко фалбаџиство во кој актуелната власт невкусно се фали со наводниот раст на бруто-домашниот производ (БДП). Меѓутоа, ако ја игнорираме пропагандата и ги погледнеме соголените бројки, реалноста е поразителна. Станува збор за најобична економска илузија: минатогодишниот реален раст изнесува речиси точно колку и ланското задолжување од 500 милиони евра. Во 2024 година пак имавме ново задолжување од 800 милиони евра, а растот беше одвај половина од тој износ.
Ова го истакна денеска професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, при што укажа дека „Ваквата математика јасно покажува дека овој наводен раст не е резултат на зголемена продуктивност, профитабилни инвестиции или зајакната економија, туку е вештачки и еднократно креиран преку вбризгување на позајмени пари“.

- Со други зборови, растот е привремен и вештачки. Од една страна, без постојано земање нови и нови кредити како некакви зависници, овој модел пропаѓа и економијата стагнира. Од друга страна, долгот е траен. Минатогодишниот раст веќе стана минато, но обврската за враќање на тие 500 милиони евра, плус камати кои ќе се трупаат, останува како траен товар на грбот на граѓаните. За креирање нив вештачки раст, повторно ќе не задолжат.

Наместо долгорочна стратегија за инвестирање во дејности што самите ќе носат иден раст, власта применува економски популизам, земајќи заем денес, за да прикаже убав процент утре, со единствена цел за привлекување на неинформирани гласачи на изборите - укажува професорот. 

Потоа додава дека „за жал, власта (не само актуелната!) вешто ја користи општата економска неписменост на просечниот граѓанин“. 
- Народот, во најголем дел не разбирајќи ги сложените макроекономски механизми и бројки, лесно паѓа на веста за растот, без да разбере дека всушност се радува на трошењето на парите на своите неродени деца и внуци. Она што власта го презентира како наводен успешен економски раст, во стварноста е само успешно задолжување кое скапо ќе го платиме. Гледаме целосен економски аматеризам, кој ја злоупотребува наивноста на луѓето заради своите предизборни цели - нагласува Трајковски. 





Слично

Поврзани вести