Главните осомничени за фалсификувањето на лични карти, пуштени на слобода
Во откривањето на тајната работилница во Скопје во која се штанцале лажни лични документи, има засега тројца осомничени, од кои на ниту еден не му е одредена мерка притвор.
Новинарот Љубиша Арсиќ кој во неделникот Фокус ја објави сторијата за фалсификуваните лични карти, прашува зошто обвинителството не им одреди притвор туку ги ослободи главните „фалсификатори”.
Од јавното обвинителство беа скржави во откривањето на повеќе детали за оваа афера се додека таа не била целосно расветлена.
Туе остануваат на ставот дека во наредните денови јавноста ќе има можност да слушне нешто повеќе за целата заднина на случајот, односно за тоа дали овие лични карти биле користени за време на изборите.
Од министерството за внатрешни работи пак, исто така не сакаа да дадат повеќе информации околу оваа афера.
Министерот Оливер Спасовски изјави само дека засега остануваат на она што го соошти Јавното обвинителство и дека нема да коментира додека не заврши истрагата.
