Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласање в недела – спремајте го другиот палец!

Гласање в недела – спремајте го другиот палец!
На изборите в недела ќе се бележи со маркер палецот на левата рака, информираат од Државната изборна комисија. Ваквата одлука била донесена за да се избегнат евентуални забуни и да се спречи можноста некому да не му биде дозволено да гласа заради траги од мастилото од првиот круг. За непречена реализација на изборите, ова упатство е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство, соопштува ДИК. Употребата на видливо мастило за бележење на гласачите, која за првпат беше спроведена на првиот круг од претседателските избори, предизвика реакции во јавноста. Најмногу околу квалитетот на набавените маркери - едни граѓани тврдеа дека мастилото лесно се брише, а други дека останува премногу долго. Имаше и такви кои во првиот круг одбија да бидат обележани со мастило.
Слично

Поврзани вести