Гласачките ливчиња се готови – ДИК ги презема од печатница
Од утрово Државната изборна комисија за почна да го презема гласачкиот материјал за претстојните претседателски избори. Од битолската печатница АД „Киро Дандаро“ гласачките ливчиња се дистрибуираат до избирачките одбори низ цела Македонија.
Редоследот на кандидатите на гласачкото ливче беше утврден со ждрепка. Број 1 е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, број 2 - кандидатот на ДПА Илјаз Халими, под број 3 е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски и под реден број 4 - кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски.
Во единствениот избирачки список за претседателските избори во Македонија изнесува 1.779.572 граѓани со право на глас.
Слично
