Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глад им се заканува на луѓето во Буркина Фасо, Мали, Чад и Нигер

Глад им се заканува на луѓето во Буркина Фасо, Мали, Чад и Нигер

Кризата со глад во Африка погоди 18 милиони луѓе. Особено се загрозени четири земји: Буркина Фасо, Чад, Мали и Нигер, каде што речиси 1,7 милиона лица се соочуваат со алармантни нивоа на несигурност со храната, наведе ОН.

Канцеларијата на ОН донира 30 милиони американски долари од својот фонд за итни случаи на Буркина Фасо, Мали, Чад и Нигер.

Обединетите нации(ОН) денеска предупредија дека 18 милиони луѓе во регионот Сахел во Африка во следните три месеци ќе бидат ќе бидат загрозени, поради војната во Украина, пандемијата, климатските промени и зголемените цени.

Кризата со глад може да доведе до зголемена миграција на луѓето од погодените области. 

Цените на храната во светот пораснаа за 30 отсто во однос на лани. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека тоа ќе ја влоши прехранбената, енергетската и економската криза во сиромашните држави. 

Скокнаа цените на житарките, нафтата, горивото и ѓубривата. Гутереш ја повика Русија да дозволи „извоз на житарки складирани во украинските пристаништа“.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести