Ѓуриќ вели го влечеле како куче, му ваделе нож и калашников, а Харадинај се правда дека тоа е стандардна процедура
Шефот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, reче дека вчера албанските сепаратисти, како што ги нарече, се обиделе на брутален начин, со насилство и терор да го заземат северот на Косово.
Ѓуриќ, кој првпат се обрати до јавноста по апсењето, изјави дека е горд на српскиот народ кој се бранеше за време на настанот.
Ѓуриќ додаде дека припадниците на полицијата го влечеле како куче, го тегнеле за вратоврската по улица обидувајќи се да го понижат.
„Освен удари, набивање на главата на колениците и правење селфија, се обидоа да ме заплашат набивајќи ми калашников во стомакот. Еден од нив извлече и нож. На патот кон Приштина викаа ‘Алах акбар’“- ракажа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Според неговите зборови, кога го извадиле од транспортерот и го воделе низ улиците во Приштина, целта била да го стават во некој подрум.
„Да не беше еден повик од Белград, насилството во Митровица и теророт над Србите ќе продолжеше. Фала богу, заврши“- рече Ѓуриќ.
Ѓуриќ вчера во Приштина беше приведен, за време на неговата посета на Косово. Косовските власти образложија дека тој нелагално ја преминал границата, додека српските велат дека посетата на Ѓуриќ била уредно и навремено пријавена. Дел од косовските медиуми напишаа дека апсењето на Ѓуриќ го нарачал косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, со цел да го понижи.
Харадинај по седницата на советот за национална безбедност во Приштина пред медиумите зборуваше и за апсењето на српскиот функционер Марко Ѓуриќ. Харадинај ја коментираше и одлуката на Српската Листа за излегување од владата, при што рече дека едностраните одлуки не се решение. “Парламентот е составен од многу парламентарни групи, вчерашното дејствување не беше насочено против српските граѓани, ниту против министрите, ниту функционерите. Тоа е стандардна процедура, така што несфатлива е одлуката од нивна страна. Не планирам да поднесам оставка“, рече Харадинај. Апсењето на Ѓуриќ, премиерот го гледа како стандардна процедура која би се спровела кон секого.
Европската претставничка Федерика Могерини најави вонредна средба вечерва со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако вчера ЕУ официјално апелираше на разум и смиреност.
