Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓуриќ: Сакаме НАТО да ја преземе контролата врз северот на Косово

Ѓуриќ: Сакаме НАТО да ја преземе контролата врз северот на Косово

Сакаме НАТО да ја преземе контролата врз северот на Косово, вели амбасадорот на Србија во Вашингтон, Марко Ѓуриќ. 

Toj изјави дека единствениот пат кој Србија го гледа како „пат напред“ е НАТО да ја преземе контролата над северот на Косово.

„Иако ова можеби ќе ви звучи чудно што го слушате од амбасадор на Србија, но единствениот пат напред кој го гледаме е да бараме НАТО да ја преземе надлежноста на северот на Косово наместо специјалните сили на (косовскиот премиер Аљбин) Курти“. Бараме и независна интернационална истрага за тоа што се случило, бидејќи е нападнат српски манастир, настрадаа тројца Срби, како и еден косовски полицаец кој според постоечките договори не требало да биде таму“, кажа тој.

Изјави дека косовскиот премиер Курти со испраќање на своите специјалци на северот на Косово „извршил насилство над постоечките договори“.

Соединетите Држави ја повикаа Србија да ги повлече војниците што ги собраа на границата со Косово, објави Франс прес.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вели дека Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, ЕУ е подготвена да размисли за воведување казнени мерки против властите во Србија.

Слично

Поврзани вести