Ѓулен со осуда за атентатот во Турција
Свештеникот Фетулах Ѓулен, остро го осуди атентатот на рускиот амбасадор во Турцијa.
Тој го нарече „гнасен чин на тероризам“ и воедно ја повика турската Влада да ги идентификува сите кои се поврзани со овој напад.
Ова соопштение на Ѓулен следува откако неименуван висок претставник на турските безбедносни служби изјави дека постојат „силни сигнали“ дека убиецот е поврзан со движењето на Ѓулен.
Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов е убиен од полицаец.
ТРТ објави дека убиецот е Мевлит Мерт Алтинташ и бил припадник на специјалната полиција.
Алтинташ своето полициско образование го добил во Полициската академија во Измир, училиште кое го поврзуваат со озлогласениот Фетулах Ѓулен.
Слично
