Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓукиќ реагира дека Србија требала да му одговори на Каракачанов за нападите за јазикот

Ѓукиќ реагира дека Србија требала да му одговори на Каракачанов за нападите за јазикот

Веќе има реакција во Србија по нападите и критиките од Бугарија зошто во Македонија е донесена одлука за враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата. 

Поранешниот српски амбасадор во Русија, Бугарија, Белорусија, Среќко Ѓукиќ, денеска коментирајќи ја за агенцијата Бета активноста на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ во првите 100 дена од српската Влада, оцени дека неговата работа не заслужува позитивна оценка, јави дописникот на МИА од Белград.

„Посетата на Бугарија беше брзо анулирана, бидејќи министерот за одбрана, Красимир Каракачанов жестоко ја нападна Србија поради одлуката на Северна Македонија да го воведе српскиот јазик во училиштата. Тој напад остана без одговор од српска страна, што е недопустливо“, изјави Ѓукиќ.

Вели дека задачата на Селаковиќ било да ја покаже насоката на надворешната политика на Србија во првите 100 дена, но во тој поглед тој не направил ништо.

Бугарскиот вицепремиер и министер Красимир Каракачанов рече дека во Македонија живеат 30.000 Срби, но има 120.000 Бугари, и праша зошто не се воведе бугарски јазик наместо српски во училиштата. 

Слично

Поврзани вести