ЃУКАНОВИЌ ЗАГУБИ ВО РОДНИОТ ГРАД - синоќа се славеше на улиците на Никшиќ
Голема слвје имаше синоќа во вториотпо големина црногорски град Никшиќ, откако по завршувањето на гласањето за избор на нови локални власти, стана јасно дека партијата на актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, ќе биде губитни. Иако поединечно освои најмногу гласови, ДПС на Ѓукановиќ сепак ќе мора да премине во опозиција во Никшиќ, бидејќи две изборни листи поддржани од партии што се во состав на актуелната Влада го минале мнозинскиот праз од 50 отсто.
На ова гласање имало исориски најголем одзив, односно излезност од над 80 отсто.
Граѓаните собрани по улиците на Никшиќ не се растураа, туку синоќа во се поголем број излегуваа да го прослават падот на ДПС, и победата на просрпските партии, јави Курир.рс.

Според репортерот на Курир од Никшиќ, низ улиците на Никшиќ кружеа бесконечни колони возила со три бои.
Собраните луѓе носеле знамиња на Србија, како и старите црногорски, а биле запалени и факели.
На улиците имало и приврзаници кои го поддржуваа ДПС, па дошло до тепачка помеѓу момците од автомобилот со трибојни знамиња и неколкумина со црногорски знамиња во другите автомобили, но сè завршило брзо.
„Овие два месеци се само мал дел од борбата што ја започнаа нашите родители. Ние го победивме ДПС и го испративме во минатото вечерва“, рекол еден граѓанин.
Извор и фото. Курир.рс
