Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓукановиќ верува: Балканот никогаш не бил подобро место за бизнис и живот!

Ѓукановиќ верува: Балканот никогаш не бил подобро место за бизнис и живот!
Балканот никогаш не бил подобро и постабилно место за живот и бизнис, смета црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, кој денеска во Будва ја отвори конференцијата на тема „Економија - основа за поврзување на регионот на Западен Балкан“, на која учествуваат министри за економија и претставници на стопанските комори од земјите во регионот. „Сепак пред нас е тежок пат. Регионот макотрпно се извлекува од економската рецесија“, призна Ѓукановиќ, на конференцијата поддржана од Источниот одбор на германската економија. На негативната страна, според црногорскиот премиер, е нестабилниот економски раст на регионот, кој во просек во 2013 година изнесуваше 2,2%, како и вкупната економска ситуација која е оптоварена со висока невработеноста што во просек се движи над 20%. Притоа, Ѓукановиќ нагласи дека ќе биде катастрофално доколку регионот влезе во трета рецесија како резултат на поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. „Децидната порака од Европската комисија дека во следните пет години нема проширување на ЕУ секако не е стимулативна. Кај нас во Црна Гора, дополнително, заради одлагањето на членството во НАТО, се добива впечаток дека сме во маѓепсан круг“, се пожали црногорскиот премиер.
Слично

Поврзани вести