Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓукановиќ вели дека Русија има два бази на Балканот

Ѓукановиќ вели дека Русија има два бази на Балканот

Москва разви две сериозни бази за деструкција – Србија и Република Српска, вели претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. 

Вели дека во Црна Гора нема русофобија, но има решителност да не се дозволи агресија. 

„Црна Гора тогаш беше пред вратите на НАТО и тоа се обидоа да го спречат со организација на државен удар. На тоа му одолеавме и Црна Гора по неколку месеци влезе во НАТО, а Русија продолжи да го развива понатаму својот модел на хибридна деструкција на Западниот Балкан“, оцени Ѓукановиќ.

Тој на Балканскиот интеграциски форум (БИФ) направи паралела меѓу настаните од 2016 година во Црна Гора и агресијата на Украина. Инаку, Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија. Република Српска пак се противи на тоа БиХ да влезе во НАТО. 

Слично

Поврзани вести