Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓукановиќ вели дека „Отворен Балкан“ води кон исчезнување на неколку земји меѓу кои е и Македонија

Ѓукановиќ вели дека „Отворен Балкан“ води кон исчезнување на неколку земји меѓу кои е и Македонија

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за порталот „Аутономија“ изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“, која нивниот премиер Дритан Абазовиќ ја оценил како позитивна, е „многу контроверзна“.

Според Ѓукановиќ, тоа е алтернативно сценарио за иднината на Западен Балкан надвор од ЕУ. Тој е против тоа. 

„Ни треба членство во ЕУ. Тие што не го гледаат нашиот регион во Европа, не гледаат мултиетничка демократија ниту на Балканот. Им се допаѓа идејата за промени на границите, етничка и верска хомогенизација во рамките на проширените држави. Како и обично, сè почнува традиционално од српска страна, овој пат со „српскиот свет“. И продолжува, автоматски, со истите големо државни лудории“, вели Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател вели дека тоа ќе доведе до исчезнување на некои земји од Западен Балкан.

„Треба да заврши со исчезнувањето на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Но, сигурно е дека ќе завршеше со војна и уште неколку геноциди“,  вели тој.

Србија, Македонија и Албанија се дел од „Отворен Балкан“. Иницијативата има за цел да ги олесни процедурите за граѓаните за движење, работа во овие земји и нуди повеќе бенефити. Првиот меѓународен саем за вино ќе го организираат земјите-партнери, основачи на иницијативата Отворен Балкан – Србија, Северна Македонија и Албанија, во Белград од 1 до 4 септември. 

Слично

Поврзани вести