Ѓукановиќ вели дека Балканот е се подалеку од ЕУ и бара јасна временска рамка
Балканот е подалеку од ЕУ отколку во 2014 година, вели црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Тој синоќа по посетата на Брисел изјави дека земјите од Западниот Балкан денес се подалеку од Европската Унија отколку што беа тогаш.
„Ова е последниот момент нашите односи со Европската Унија да ги направиме појасни, мораме да знаеме дали е навистина реална перспективата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ во догледно време, и мораме да дефинираме јасна временска рамка“, истакна Ѓукановиќ.
Ако тоа не се случи, вели дека празниот простор на Западниот Балкан ќе го искористат трети земји, пренесе неговиот кабинет во Подгорица. Според него, одговорот на ЕУ за европската перспектива на Западниот Балкан „е минимум коректност и партнерска одговорност“.
