Ѓукановиќ предупреди дека Балканот повторно може да се „запали“
Има нова опасност од дестабилизација на Западен Балкан.
Во Генералното собрание на ОН, за оваа закана предупреди црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Тој потсети дека Црна Гора годинава прослави 15 години од обновувањето на независноста, додавајќи дека тој пат никогаш не бил лесен.
Изјави дека Балканот „не престанува да биде место на конфронтација на спротивставени интереси, геостратешки натпревари, како вечна грижа на различни меѓународни актери, но не секогаш и потребно и навреме внимание“.
Ѓукановиќ рече дека „денес, и покрај бројните предизвици, Црна Гора останува решена да ги брани граѓанските, инклузивните, мултиетничките и европските демократии и е доказ дека „мултиетничката демократија на Балканот е можна и единствениот гарант за просперитет“.
Неодамна имаше немири во црногорскиот град Цетиње, при устоличување на патријархот Јоаникије, а сега има тензии меѓу Косово и Србија за регистарските таблички.
