Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓукановиќ од Никшиќ порача дека Белград работи на проектот „Голема Србија“

Ѓукановиќ од Никшиќ порача дека Белград работи на проектот „Голема Србија“

Сведоци сме на повампирување на политиката од 90-те години на минатиот век со нескриени амбиции на ретроградни сили да ги постигнат своите цели од тоа време со други средства, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ кој го обвини Белград дека работи на проект „Голема Србија”, во чиј центар, како што вели е Црна Гора.

Рече дека и СПЦ учествува во тој потфат. 

„Во центарот на големодржавните планови и проекти за жал се наоѓа и Црна Гора, на која се гледа како важен дел од српскиот свет и нова синтагма за проектот Голема Србија“, изјави Ѓукановиќ синоќа на трибина во Никшиќ.

Изборите во Никшиќ ќе се одржат в недела, на 14 март, во атмосфера на голема напнатост. Вели дека во кампањата за локалните избори во Никшиќ, таа улога е уште поагресивна и поотворена. Според податоци од пописот, во Никшиќ живеат повеќе од 20.000 Срби. 

Слично

Поврзани вести