Ѓукановиќ: Големосрпскиот национализам сфати дека со победата на нивните миленици е отворена вратата за нова анексија на Црна Гора
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вели дека само благодарение на неговата партија „Црна Гора успеала да ѝ одолее на офанзивата на Белград“, која, како што вели, била „агресивна“.
„Големосрпскиот национализам од Белград сфати дека со победата на нивните миленици е отворена вратата за нова анексија на Црна Гора, овој пат преку проектот „Српски свет“. Тоа не се случи затоа што имавме државно-одговорна опозиција која ја предводеше ДПС“, кажа Ѓукановиќ за Дојче веле.
Собранието на Црна Гора ѝ изгласа во петокот недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ, а Ѓукановиќ повтори дека неговата ДПС ќе ја поддржи малцинската влада.
Toj неодамна ги негираше тврдењата на српските власти дека е поврзан со организирање атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Слично
