Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЃУКАНОВИЌ Е ВО ОДЛИЧНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Дезинформации дека црногорскиот претседател е пред смрт

ЃУКАНОВИЌ Е ВО ОДЛИЧНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Дезинформации дека црногорскиот претседател е пред смрт

На официјалната страница на Фејсбук на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ е соопштено дека тој е во добра здравствена состојба и дека редовно ги извршува неговите политички должности како шеф на државата

-Информациите за здравствената состојба на претседателот на Црна Гора објавени во некои српски медиуми се шпекулации и дезинформации. Претседателот на Црна Гора е во добра здравствена состојба и ги извршува сите свои редовни должности во полн капацитет, се наведува во соопштението.

Инаку, како што пренесоа голем дел од медиумите, Ѓукановиќ го делеле само минути од смртта, а француски лекари успеале да го спасат. Дополнително наведуваат дека претходно бил хоспитализиран во Клиниката во Подгорица, но поради нагло влошување на здравствената состојба, посебно со белите дробови, Ѓуќановиќ бил транспортиран со авион во Париз, состојбата му била стабилизирана.

ФОТО/Фејсбук

Слично

Поврзани вести