Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓи Крајчев: Со Премиум деловниот центар, Скопје доби бизнис простор како во најразвиените метрополи

Ѓорѓи Крајчев: Со Премиум деловниот центар, Скопје доби бизнис простор како во најразвиените метрополи

Истражување на меѓународниот институт, McKinsey, покажа дека за 20 до 25 отсто се зголемува продуктивноста на вработените, доколку тие се подобро поврзани. Еден од начините да се достигне тоа е добрата организација на просторот. Ѓорѓи Крајчев е дел од Премиум деловниот центар, објект кој се докажа дека е еден од ретките, ако не и единствениот во земјава кој им нуди на компаниите  во него да можат слободно и по свои желби и убедувања да го креираат работниот простор. Крајчев самиот имаше удел во креирањето на објектот и вели дека конечниот изглед и таа совршеност произлегла од анализи и на пазарот, но и на потребите. Премиум деловниот простор нуди фекслибилност во уредувањето, што пак од друга страна е предизвик и за архитектите и за изведувачите. Сега главниот град има бизнис центар каков што имаат и поразвиените метрополи. Целата приказна е импресивна.

Крајчев пандемиската криза донесе извесни поместувања на пазарот на недвижнини, промени и на работните места, но трендот на раст на потребата од промена на стилот на работа секако е условен и од други промени.

Крајчев: Да, со пандемиската криза дефинитивно настанаа извесни промени. Некои бизниси поинаку почнаа да функционираат, додека други со помал напор извршија адаптација на новите услови. Но, кај сите е заедничко дека промените се случуваат мошне брзо и од таа причина се бараат решенија кои се флексибилни и навремено би ги следеле овие промени. Еден таков сегмент се однесува и на деловниот простор, од кој се очекува да поддржи флексибилни решенија за постојано адаптирање, ширење или извесна измена на дејноста на бизнисот.

Но, се разбира дека пандемијата не е единствена причина за глобалнте промени во економијата. Овие промени како дел од глобализацијата се случуваат наназад години, кои вршат силно влијание на секој бизнис, од кој се бара исклучително брзо следење на случувањата на пазарот, брз одговор и задржување на конкурентноста. Од таа причина, многу компании прават темелни анализи на своите ресурси, со цел да постигне нивна синергија, а функционалноста и флексибилноста на деловниот простор се фактори кои се особено важни.


Вие подолго време ги анализирате овие трендови, кои се клучните карактеристики на современите објекти во кои треба да егзистираат модерните компании?

Крајчев: Постојат неколку клучни фактори, ќе се обидам да набројам неколку од нив.

Споменав претходно дека секоја компанија бара решенија кои ќе значат оптимизација на ресурсите и подобра синергија, а тоа се постигнува со подобро функционално поврзување. Според истражување на еден меѓународен институт, McKinsey, утврдено е дека за 20 до 25 отсто се зголемува продуктивноста на вработените, доколку тие се подобро поврзани. Еден од начините да се достигне тоа е добрата организација на просторот.

Исто така, самиот објект треба да задоволува и станадарди кои значат енергетска ефикасност, без притоа да биде нарушена удобноста на корисниците на истиот.

Меѓудругото, не се анализира само објектот внатре, туку и неговата надворешна содржина, односно како е поврзан со комуникациската инфраструктура за одржување на мобилноста на луѓето. Сите тие елементи особено влијаат на еден вработен. Замислете пример, кога некое лице му треба многу време за да се снајде да стигне до локацијата, потоа вештина и среќа за да се паркира или постојано шетање низ фирма за да се заврши една обична работа или недоволно светлина, ладење или греење, и така секој ден. Дали може во такви услови да се одржува висока ефикасност?


Анализа на пазарот на недвижнини во земјава покажа дека објектот во чие конструирање имавте удел исполнува многу од карактеристиките кои сега се наметнуваат. Како дојде идејата за изградба на објектот Премиум деловен центар?

Крајчев: Направени беа неколку анализи на пазарот, од кои можевме да се запознаеме подетално со состојбата. Јасно се согледа дека за разлика од другите главни градови во регионот, во Скопје недостасува понуда за деловен простор од висока категорија. Освен тоа, факт е дека многу компании се сместени во станбени или други објекти, кои не се градени за таа намена и од тие причини, фирмите се буквално раштркани низ градот. Од друга страна, трендовите во Европа и регионот наметнуваат нешто сосема друго, а тоа е сместување на компаниите во бизнис центри.Затоа решивме да изградиме таков објект кој ќе ги понуди сите тие предности за ефикасно деловно работење.


Се зборува за таа функционалност на просторот која е главна одлика на овој деловен центар. Како е постигната и во што е суштината? Што се добива со оваа функционалност?

Крајчев: Да се направи флексибилен деловен простор е навистина предизвик за архитектите, изведувачите итн. Тоа подразбира слобода за уредување на просторот онака како што и одговара на компанијата. Но, тоа не е доволно, туку и слобода за натамошно менување на просторот, со цел да се следи динамиката на работењето на компанијата. Некогаш бизнисот се шири и се воведува дополнителна содржина во дејноста или можеби сосема нова. Тоа значи дека треба да планирате неконвенционални работни места кои можат да го менуваат своето место, изглед, при што се надминува оној класичен изглед на статична канцеларија, која речиси никогаш не се менува.

Каква е внатрешноста на објектот и што се нуди, а како тоа е предност за компаниите?

Крајчев: За да се постигнат целите кои претходно ги споменавме, внатрешноста на објектот е така смислена, за да се овозможи преградување на мали, средни, но  и поголеми окенаски канцеларии – простори, во зависност од потребите на корисниците. На таков начин, распоредот на електрилната и санитарната инсталација во зградата, овозможува флексибилно планирање на просторот и во најголем процент, целосно прилагодување според потребите на компаниите.

Од истражувањата, добивме податок дека на најголем дел од компаниите сместени во деловни центри, особено им пречело тоа што прозорите не се отварале, а со тоа и отсуство на природен воздух. Имајќи го ова предвид, како и фактот дека во лето сончевото зрачење знае да биде исклучително силно, одлучивме да се постават прозори од светски познатиот производител GUARDIAN,  кои постигнуваат највисок коефициент на изолација и соларен фактор досега произведен и воедно задолжително да се отвараат.

Ова е сосема независно од поставениот најсовремен систем за внатрешна вентилација, ладење и греење.

Исто така, секој спрат од зградата има посебна серверска соба, потоа 4 брзи лифтови, како и 130 внатрешни и 60 надворешни паркинг места. Уште еден податок што сакаме да го споделиме е дека вработените во вакви деловни згради, сакаат да се чувствуваат флексибилно и во однос на користење на сопственото време за физички активности. Од таа причина, за сите вработени во зградата, на располагање имаат фитнес сала.


Дали домашните компании, според вас, а гледаат таа предност и какви се нивните очекувања, како се прилагодуваат и колкав е интересот?

Крајчев: Се повеќе домашни компании покажуваат интерес за ваков тип на простор, како гледајќи ги искуствата во другите земји, така и согледувајќи ги предностите што ги нуди ваквиот простор. Освен тоа, да не заборавиме и на репрезентативноста на една компанија кога ќе им дојде деловна посета, особено од странство, а тие се наоѓаат во еден премиум деловен центар.

Станува збор за енергетски ефикасен објект. Како е изведен?

Крајчев: Објектот е изведен со користење на фасадни елементи – браварија и посебно стакло кои освен што се енергетски ефикасни по стандардните показатели, имаат и многу висок т.н. соларен фактор, т.е. светлината од сонцето продира во просторот но не го загрева. Освен тоа, централниот систем за греење и ладење е изведен на принцип на искористување на енергијата на подземните води преку бунари и топлински пумпи, што е систем со највисок енергетски коефициент на искористеност.Сето тоа придонесува кон ефикасното користење на енергијата.


Какви се искуствата од развиените земји кога станува збор за вакви објекти? Колку се застапени?

Крајчев: Се разбира дека ваков тип објекти се најмногу застапени во западните развиени земји, од каде што постепено се шири и на овие простори, како позитивен пример за развој на еден бизнис. Кај нив се внимава на сериозноста на водењето бизнис и речиси и да не можете да сретнете фирма која е регистрирана во некој приватен стан или гаража, во која работат 10-тина луѓе. Напротив, таквите компании ја сфатиле предноста на деловното опкружување и синергијата која може да се постигне. Од таа причина, компаниите уште одамна ја увиделе предноста која овозможува поголема видливост, преставителност и ефикасност во работење на компаниите.

   

Александра Томиќ

Слично

Поврзани вести