Ѓорчев вети нови работни места и гасификација
Носителот на пратеничките листи од ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Влатко Ѓорчев денеска вети гасификација на целиот полошки регион.
Тој ја нагласи и важноста од отворање на нови рбаотни места во овој дел од државата.
„Гостивар да добие нови фабрики, нови вложувања, нови инвестиции, нови работни места. Со растот на целата на работната рака ќе се зголемуваат и платите. На ова треба да се надоврзе и гасификацијата на целиот полошки регион, на Тетово и Гостивар и нивно поврзување со гасоводот во Скопје“ - кажа Ѓорчев.
Додава дека една од клучните работи за Гостивар и околината е новата ТИРЗ во градот, на чиј развој ќе се фокусираат.
Слично
