Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорче Петров наплати 380.000 евра од „Трансмет“ на Сеад Кочан

Ѓорче Петров наплати 380.000 евра од „Трансмет“ на Сеад Кочан

Општина Ѓорче Петров наплатила 380.000 евра од градежната компанија „Трансмет“ на бизнисменот Сеад Кочан, кој во моментов е во затвор како осуден во еден од предметите на СЈО. Врз основа на договорот за јавно приватно партнерство потпишан меѓу поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски и компанијата „Трансмет“, во 2012 година е почната изградбата на општинската зграда но до ден денес не заврши, а актуелното раководство започна со барање на друг приватен оператор.

Станува збор за обештетување од сметката на компанијата „Трансмет“ во стечај поради непочитување на договореното, односно изградба на административен простор за окалната самоуправа во склоп на деловниот објект „Емпорио“.

Актуелниот градоначалник на оваа скопска општина Александар Наумовски гостувајќи во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ потврди дека се пресметувале по 4.000 евра за секој ден доцнење на изградбата на новата општинска зграда.

– Таму има донесено несреќна одлука од советниците, за да го заштитат градоначалникот, да може „Трансмет“ да отуѓува и продава простор од деловниот дел на недоградената општинска зграда. Таа одлука на Советот деловните банки ја искористиле да може да даваат кредити. Тие пари „Трансмет“ не ги искористил за доградба на зградата, туку на други места, изјави Наумовски.



Слично

Поврзани вести