Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорче Петров како Бејрут

Ѓорче Петров како Бејрут
Во вчерашните нереди се притворени 27 лица, во протестите организирани заради убиството на матурантот Ангел Петковски, соопшти МВР. Во инцидентите меѓу демонстрантите и полицијата беа повредени и неколку полицајци, а оштетени се и повеќе полициски возила. Полицијата нема информации за повредени цивили на протестите. Поголема група граѓани, најмногу млади лица, потестираазаради убиството на младиот Ангел Петковски од страна на крадецот на неговиот велосипед. На толпата постојано им се придружуваа и други возрасни луѓе. Тие се судрија со полицијата кога се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се упатат кон Сарај. На улиците на Ѓорче Петров ситуацијата се смири во текот на ноќта,  но и натаму беше видливо засилено полициско присуство. Новинарските екипи на Нова тв, Фокус и Радио Слободна европа, пак информираа дека полицијата им ги одзела снимките, и дека биле попречени во својата работа. Тие сведочат за груб однос на полицијата кон нив. На 19-годишниот Насер Е.,веќе му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, тоа не беше доволно за демонстрантите. На следниот линк: ИНТЕРВЈУ Академик Абази: меѓуетничките проблеми треба да ги решат Груевски и Ахмети!
Слично

Поврзани вести