Ѓоковиќ не доби дозвола да патува во САД на двата турнири
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дефинитивно нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс, но и на турнирот во Мајами, бидејќи не добил дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран.
Ѓоковиќ се пријави за Мастерсот во Калифорнија, кој го освои пет пати во текот на неговата кариера, беше на ждрепката, но Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) одбија да му издадат ослободување од влез во земјата.
Мастерсот во Индијан Велс се игра од 10 до 20 март, а наградниот фонд е 8,5 милиони долари.
Самиот Ѓоковиќ се огласи, а на социјалните мрежи потврди дека нема да игра ниту во Мајами. Тој призна дека знаел дека „мала е веројатноста да патува“.
„Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) потврдија дека прописите нема да се променат, па затоа нема да можам да играм во САД. Среќно за оние кои играат на овие големи турнири“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
