Гигантот Kraft Heinz го назначи најмладиот финансиски директор
Kraft Heinz како еден од најголемите прехрамбени гиганти донесе одлука да го назначи 29 годишниот Дејвид Кнопф за нов генерален финансиски директор.

Тој ќе биде еден од најмладите директори на оваа позиција во историјата на компанијата, а досега беше потпретседател на Planters бизнисот за лешници како и партнер на 3G Capital од Jorge Lemann со што досега веќе има импресивна корпоративна кариера.
Кнопф дипломирал на престижниот универзитет Принстон во 2010, а потоа се вработил во моќната финансиска институција Goldman Sachs на Вол Стрит.
Како финансиски директор ќе има задача да прикаже раст на компанијата која е во застој од 2015, а притоа пропадна и планираното спојување со Unilever кое требаше да вреди 143 милијарди долари.
