Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИГАНТИ НА МЕГДАН: Се „ѕидаат“ добивките на „Бетон“ и на „Гранит“!

ГИГАНТИ НА МЕГДАН: Се „ѕидаат“ добивките на „Бетон“ и на „Гранит“!
Во ек на градежна домашна експанзија двете најголеми градежни компании кои доминираат на домашниот пазар своите добивки во доминантна или во значајна мерка ги базираат врз позитивната разлика од финансиските приходи и финансиските расходи. Од дејноста „Бетон“ е во добивка од само 14 милиони денари, а „Гранит“ е во ќар еден милион евра Скопски „Бетон“ оствари поголеми приходи од продажба од најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ во провата половина на годинава покажуваат официјалните неревидирани и неконсолидирани финансиски извештаи на двете компании. Но и покрај тоа оперативната добивка кај „Бетон“ е само 0,8 отсто од приходите од продажба, а кај „Гранит“ таа изнесува 5,6 отсто од продажбите во првата половина во годинава. „Гранит“ во првата половина годинава има приходи од продажба во износ од 1,1 милијарда денари што е за 25 отсто односно за 375 милиони денари денари помалку од продажбите во истиот период лани. Оперативните приходи на оваа компанија годинава изнесуваат 1,52 милијарди денари и во споредба со истиот период лани се пониски за 114 милиони денари. Соодносот на приходи од продажба дома и реализација во странство кај „Гранит“ е 10 спрема 1 во корист на домашните приходи. Кај „Бетон“ пак воопшто и нема приходи од продажба во странство и се е остварено на домашниот градежен пазар. Кога ќе се псоредуваат оперативните приходи очекувано „Гранит“ е во подобра позиција од „Бетон“. Но сепак разликата не е етолку голема како што тоа било порано. Оперативните приходи на „Бетон“ се 1,27 милијарди денари и се за 250 милиони денари пониски од тие на „Гранит“. Во истиот период лани „Гранит“ во однос на „Бетон“ имал 444 милиони денари повисоки оперативни приходи. МН: Трошокот за вработени на „Гранит“ е двојно поголем од тој на „Бетон“! На расходната страна и двете компании бележат минимални снижувата на оперативните трошоци и тие се идентични (во проценти) и изнесуваат по три отсто помалку во однос на истиот период лани. Кај „Гранит“ трошоците за првите шест месеци се 1,51 милијарди денари, а кај „Бетон“ тие изнесуваат 1,35 милијарди денари. И кај двете компании приходите од продажба се пониски од нивните оперативни трошоци. Тешко време за македонската градежна оператива! Во структурата на расходи и кај двете компании најголемо учество има ставката „услуги со карактер на материјални трошоци“, но кај „Гранит“ тие се многу пониски во однос на „Бетон“. Кај „Гранит“ нивниот износ е 407 милиони денари и во однос на збирот на оперативните трошоци тие се 27 отсто. Кај „Бетон“’ оваа ставка е 821,6 милиони денари што претставува 61 отсто од сите трошоци. Од ова може да се заклучи дека „Бетон“ во овој период во голема мерка зависел од услугите на своите партнери или подизведувачи. Дополнителна потврда на овој заклучок ќе се добие и ако се погледнат и споредат трошоците на двете компании во ставките „трошоци за вработени“ и „ трошоци за суровини и други материјали“. Кај „Гранит“ кој објективно има поголем број вработени трошоците за вработените за половина година се 355,9 милиони денари, а трошоците за суровини и други материјали се  388 милиони денари и бележат пад од 9 отсто. Кај „Бетон“ овие ставки се значајно пониски. Трошоците за вработени се 179,7 милиони денари, а за суровини и материјали се 178,1 милиони денари, а овие и во однос на лани бележат пад од 18 отсто. Ставката „Финансиските приходи“ ги билда профитите на двете компании Од споредбата на билансите на успех и кај двете компании се забележува дека значајно учество во нивната добивка имаат „финансиските приходи“. Доминацијата е многу поизразена кај „Бетон“ и всушност е доминантна во однос на оперативната добивка. Финансиските приходи во однос на финансиските расходи се повисоки за 29,1 милиони денари, а оперативната добивка е само половина од нив. Заради тоа вкупната нето добивка на „Бетон“ за овој период изнесува 43,3 милиони денари. Кај „Гранит“ таа ставка не доминира, но помага во значителна мерка. Позитивната разлика меѓу финансиските приходи и расходи е 17 милиони денари и заедно со оперативната добивка  од 1 милион евра се доаѓа до износ од 78 милиони денари колку што е добивката на „Гранит“ во првата половина од годинава. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести