Ги замрзнаа цените на храната за следните 90 дена
Аргентинците ги замрзнаа цените на храната за следните 90 дена.
Владата денеска објави дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата да ги замрзнат цените на повеќе од илјада прехранбени производи и производи за домаќинство во следните 90 дена, со цел да се стопира инфлацијата.
Економијата закрепнува од повеќегодишната рецесија и дека цените се зголемуваат за речиси 50 проценти годишно. Кошничката со основни прехранбени производи изнесуваше девет проценти од просечната плата во декември 2019 година и 11 проценти при последното мерење.
На светско ниво, цените на храната уриваат рекорди. Пченицата, маслото, млекото се само дел од продуктите кои поскапеа. Во 2019 година земјата банкротираше. Нивната валута пезосот, тогаш драстично се намали.
Слично
