Ги зафатила криза: Распродажба на јахти во сопственост на српски богаташи
Неколку српски бизнисмени - Миодраг Костиќ, Филип Цептер, Марко Мишковиќ ... одлучиja да ги продадат своите скапи јахти, дознава српски „Блиц“.
Еден од најуспешните бизнисмени Миодраг Костиќ ја продава неговата јахта „Александар VI“.
Според дознавањата на тој портал, новиот сопственик за неа ќе „искешира“ нешто помалку од 20 милиони евра. Костиќ, кој во моментот престојува на Јадранот, како ни неговата прес - служба не сакале да ја коментираат оваа информација. „Александар VI“, инаку спаѓа меѓу најголемите јахти кои последните години пловеа на Јадранот. Има 48 метри, а може да прими до 12 гости со девет членови на екипажот.
Костиќ „лепотицата“ ја купил во 2004 година откако ја продал јахтата „Азимут 85“ за три милиони евра. Во периодот кога не ја користел, тој јахтата „Александар VI“ ја изнајмувал и тоа по цена од 185.000 до 200.000 евра неделно, зависи во кој период од годината.
Засега не е познато дали сопственикот на „МК Групацијата“ ќе го купи новиот брод, но се знае дека тој од 2012 ја има и „Spider Effe“, која ја платил 350.000 евра, но во меѓувреме додатно ја опремил, па се смета дека во моментот е повредна од цената за која ја набавил.
И Марко Мишковиќ овие денови ја завршува трансакциајта за продажба на неговата јахта „Црна мамба“. Се шпекулира дека за неа бара 1,7 милиони евра, а дека оваа јахта „Sunseeker 82“ е со должина од 24,7 метри и широка шест метри, на која може да прстојуваат осум гости и за која во 2006 година дал околу четири милиони евра, веќе ја „капарисал“ еден руски бизнисмен.
Својата јахта долга 25 метри и вредна четири милони евра, пред неколку дена ја продаде и Веселин Јевросимовиќ, сопственик на „Комтрејд“.
Милан Јанковиќ, односно Филип Цептер, кон крајот на април ја превзеде од хрватскиот градител „JoyMe“, долга 50 метри, за која дал 30 милони евра. Иако еден период мамеше воздишки, овие денови на Јадранот се прошири веста дека „JoyMe“ има грешка, поради која Цептер е подготвен да се одрече од неа. Ја спуштил и цената на околу 17,5 милони евра.
Которанецот Војин Лазаревиќ со години поседува елегантна јахта, моделот со кој се прослави познатиот Џејмс Бонф возејќи иста таква во филмот „Casino Royal“, додека Жељко Митровиќ, сопственикот на „Пинк“ ја има „El Bosco V“.
Без оглед на тоа што припаѓаат на српски државјани, на овие јахти, воглавно, не се плаќа данок во Србија. Најмногу од нив пловат под знамето на Франција, Италија, Германија... Повеќето се водат на фирми кои бизнисмените ги основаат во странство.
Заработка од „рентање“
Лажно е верувањето во јавноста дека одлуката да профитираат од инвестирањето во јахта бизнисмемите го прават само за да имаат статусен симбол.
Пресметката вели дека кој има брод вреден 400.000 евра и го рентира секоја година по 18 недели, а седум недели го користи за свој одмор, после седум години има чиста заработка од 420.000 евра и после сите платени, инаку, хартиени трошкови.
