Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ТРЕТИРА РАБОТНИЦИТЕ КАКО СКАПОЦЕНИ КАМЕЊА: Годишно им ја покачува платата за 100 проценти

ГИ ТРЕТИРА РАБОТНИЦИТЕ КАКО СКАПОЦЕНИ КАМЕЊА: Годишно им ја покачува платата за 100 проценти

Небојша Матиќ од Србија е несекојдневен работодавец и бизнисмен. 

Судејќи според она што им го дава на работниците и по она што го добива од нив, тој е еден од најдобрите директори во земјата. 

Неговата компанија Микроелектроника извезува во над 140 земји во светот. 

Тој има 86 работници на кои им е многу благодарен за својот успех. 

Матиќ раскажува дека работодавецот не може ништо без вредни и одговорни работници. 

Додава дека секој проблем се решава со комуникација, а кога работниците се задоволни, тогаш имаат и добри резултати на работа. Во неговата компанија работниците добивале 13, 14 и 15 плата. 

„Сега тоа го сменив во покачување. Одлучив да им давам и до 100% зголемување. Одлучив да ги „натерам“ да имаат трето и четврто дете. Им ветив дека месечно ќе им давам по 200 евра за трето и 400 евра за четврто дете. Не е тоа голем трошок, децата се најважни“ - вели Матиќ. 

Додава дека со своите работници се дружи, работи, оди на риболов и слично. Тој има само една ќерка и затоа сака да ги мотивира работниците да имаат повеќе деца. 

Слично

Поврзани вести