Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ТРЕСЕ КРИЗА: Власта повика народот да јаде пилешки нозе

ГИ ТРЕСЕ КРИЗА: Власта повика народот да јаде пилешки нозе

Жителите на Египет ќе јадат пилешки нозе, затоа што се во криза. Ова налути дел од граѓаните. По повикот на владата, цената на еден килограм пилешки нозе наводно се покачила на 20 египетски фунти.

Националниот институт за исхрана ги повика луѓето да јадат пилешки нозе. Еден килограм пилешко чинеше 30 египетски фунти во 2021 година, а на почетокот на неделава се продава за 70 египетски фунти.  30 отсто од населението во Египет е под прагот на сиромаштија.  Светската банка (СБ) во 2019 година објави дека во оваа земја 60 отсто од населението било сиромашно или ранливо, пишува Си-Ен-Ен. Државата се соочува со валутна криза и најголема инфлација во последните пет години.

Многу други земји во светот ги тресе инфлација, иако сега минимално се намалува во еврозоната. 

Слично

Поврзани вести