Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ „ТРЕСЕ“ КРИЗА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Ќе плаќаат три пати повисоки даноци

ГИ „ТРЕСЕ“ КРИЗА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Ќе плаќаат три пати повисоки даноци

Поради пандемијата на коронавирус, Саудијците ќе мораат да штедат. 

Експерти сметаат дека Саудиска Арабија наскоро би можела да ја „стресе“ финансиска криза, затоа што резервите на државата се празни.

Владата на Саудиска Арабија ги крати државните расходи за 26,6 милијарди долари.

Мерките значат стопирање на исплатата на минималец за граѓаните, како и зголемување на данокот на додадена вредност. 

Овие мерки ќе му помогнат на државниот буџет кој трпи штети по падот на цената и побарувачката за нафта.

Минималецот  ќе биде стопиран до 1.јуни, а во меѓувреме данокот на додадена вредност ќе скокне од 5 на 15 отсто до 1. јули. 

Во земјата околу 39.000 луѓе се инфицирани од Ковид 19, а 246 лица поради вирусот. 

Во месец март имаше „земјотрес“ на нафтениот пазар и земјите водеа војна за „црното злато“. 

Саудијците се познати како една од најбогатите нации на Средниот Исток. 

Саудиска Арабија е една од најбогатите држави во Персискиот Залив. 

Слично

Поврзани вести