ГИ СТАВИ ЗАД РЕШЕТКИ: Уапсени командосите кои требало да го уапсат Ердоган
Турската полиција уапси 11 обвинети командоси, кои за време на превратот во ноќта на 15 јули биле вклучени во операцијата за апсење на претседателот Реџеп Ердоган.
Апсењето е извршено ноќеска во југозападната провинција Мугла, прецизира агенцијата Анадолија.
Деветмината командоси се уапсени околу полноќ, откако полицијата добила информации од локални жители за нивната локација. Продолжува потрагата по другите двајца командоси. Агенцијата тврди дека за време на операцијата се слушнале истрели, но нема информации за загинати или повредени. Четири пиштоли биле запленети од приведените, пренесува уште ТАСС.
Во операцијата за апсење на Ердоган учествувале 37 војници. Во ноќта на превратот турскиот претседател се наоѓаше во хотел на туристичкиот град Мармарис. Тој, сепак, го напуштил хотелот по појавата на пучистите кои летале со хеликоптери, и со службен роторл успеа да стигне до најблискиот аеродром, од каде полетал за Истанбул.
