Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ СМЕНИЈА ПЛАНОВИТЕ: ОПЕК го одложи зголемувањето на производството на нафта

ГИ СМЕНИЈА ПЛАНОВИТЕ: ОПЕК го одложи зголемувањето на производството на нафта

ОПЕК го одложи зголемувањето на производството на нафта за два месеци. 

Членките на Организацијата за земји извознички на нафта – ОПЕК плус ги одложија плановите за зголемување на производството на нафта за планирани 180.000 барели дневно во октомври, што е дел од програмата за постепено враќање на 2,2 милиони барели дневно на пазарот во наредните месеци.

Намалувањето од 2,2 милиони барели дневно, кое беше спроведено во вториот и третиот квартал, требаше да заврши на крајот на овој месец.

Тоа намалување доброволно го поддржаа членките на коалицијата ОПЕК плус: Алжир, Ирак, Казахстан, Кувајт, Оман, Русија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, пренесува Танјуг.

„Зголемувањето е одложено за два месеци, изјавија два извори од ОПЕК плус, кои побараа анонимност поради чувствителноста на преговорите“, објави Си-Ен-Ен.

Фјучерсите на нафтата, кои ослабеа на почетокот на неделата, денеска пораснаа, а нафтата од типот „брент“ вчера попладне по лондонско време чинеше 73,63 долари за барел, што е за еден отсто повисоко од претходното порамнување.

Слично

Поврзани вести