Ги прободел со нож соседите оти сакале да го ограбат
Маж во самоодбрана со нож прободи двајца крадци во неговиот дом.
Разбојници ја урнале оградата од дворот во куќа во с. Гајранци-пробиштипско и упаднале во домот на 59-годишен човек.
Двајцата напаѓачи, за кои мажот обвинува дека се неговите соседи, провалиле во домот и го физички го нападнале сопственикот.
Револтиран од нападот, мажот зел нож и ги продобил во стомакот двајцата браќа.
Сите тројца со телесни повреди се пренесени во штипската болница каде се задржани на понатамошно лекување.
Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.
Слично
