Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги откажаа огнометите за да не го загадуваат воздухот

Ги откажаа огнометите за да не го загадуваат воздухот

Словенија ги откажува новогодишните огномети со цел да се спречи загадување. 

Повеќето градови ги откажаа своите традиционални огномети со цел да се спречи загадувањето на воздухот и да се зголеми општата безбедност.

Ваква одлука донесоа Марибор и Целје, а локалните власти најавија дека точно на полноќ, наместо огномет ќе има аудио и видео перформанси. Некои градови огнометот ќе го заменат со био-разградливи конфети.

Дополнително, некои градови и општини целосно ги забранија пиротехничките средства со цел да не се загадува воздухот, и да не се вознемируваат животните.

Градовите пак во Австралија го откажаа новогодишниот огномет поради високите температури. 

Но, за разлика од Македонија, БиХ, Србија, Бугарија, Словенија има многу почист воздух, а нејзиниот главен град Љубљана не е ниту во првите 100 најзагадени градови на светот. 

Слично

Поврзани вести