ГИ НАПАЃА И ОНИЕ СО СТЕКНАТ ИМУНИТЕТ: Гама сојот се појави во БиХ
Гама сој на коронавирусот е регистриран во БиХ.
Информацијата ја потврди Теуфик Голетиќ, шефот на лабораторијата за молекуларно-генетски и форензички истражувања. Голетиќ изјави дека гама сојот е откриен кај странски државјанин кој живее на подрачјето на Херцеговина. Истражувањата покажуваат дека гама варијантата на коронавирус ги напаѓа и луѓето коишто имаат стекнато имунитет по заразување или вакцинација. Здравствените работници, сепак, препорачуваат луѓето да се вакцинираат за да се избегне тежок облик на болеста. Претходно се откриени и првите случаи на заразени со делта сојот во БиХ.
Слично
