ГИ НАДМИНАА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА: Приходите на Алибаба скокнаа 56% на 7,5 милијарди долари
Водечкиот кинески интернет трговец Алибаба извести дека во четвртокот за 56 посто раст на приходите во првото тримесечие, надминувајќи ги така очекувањата на аналитичарите во анкетата на Томсон Ројтерс.
Една од највредните азиски компании чија акција само оваа година поскапе 81 посто објави приходи од 50,1 милијарда јуан (7,5 милијарди долари) во три месеци до 30 јуни додека аналитичари очекуваа просек од 47,7 милијарди јуани.
Приходите од основната дејност, е-трговијата, учествувале со 86 проценти од приходите, наспроти 73 проценти од претходната година. Нето добивката застанала на 2,17 милијарди долари или 83 центи по акција. Алибаба очекува приходите во 2017 година да пораснат на 49 отсто.
Слично
