Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ги дава ли очекуваните резултати проектот „Македонија вработува 2“?

Ги дава ли очекуваните резултати проектот „Македонија вработува 2“?

Преку вториот циклус на проектот „Македонија вработува 2“ од почетокот на јули досега се вработени над 910 лица во 740 компании во земјава.

Ова го соопштија денеска надлежните а министерот Спасов истакна дека проектот веќе ги дава очекуваните резултати.

Бројките покажуваат дека  најголем е процентот на млади кои се вработиле преку овој проект.

Имено 500 млади лица до 35 години нашле работа, 180 лица се на возраст над 58 години, додека пак  175 кои се вработиле се од  35 до 55 години.

Вработувањата  се концентрирани во речиси сите општини во Македонија, а надлежните посочуваат дека и кај компаниите и кај граѓаните интересот за овој проект се зголемува.

Најголем дел од вработените лица се вработени во Скопје, следуваат Тетово, Струмица, Прилеп, Куманово и источниот регион каде во Виница се вработени 180 лица заклучно со проектот „Македонија вработува 1“.

Слично

Поврзани вести