Гевгелија: Пожар пеплоса магацин, состојбата под контрола
Утринава пожар ги вознемири вработените во „Канет агро“ во Гевгелија.
Неколку простории биле зафатени од огнена стихија која засега е ставена под контрола.
Пожарот избувнал утринава околу 10 часот и зафатил магацински простории а неофицијално причината за избувнувањето е сува трева.
Нема повредени лица а штетата е само материјална.
„Канет агро“ е фирма за производство на раноградинарски производи.
Слично
