ГЕВГЕЛИЈА: Мигрантите со ист став-Не се враќаат назад!
Порад невремето бродовите на југот од Грција утрово не сообраќаат, па поради тоа е намален бројот на мигранти во кампот кај Гевгелија. Иако ги осудуваат постапките на оние кои вчера ги зашија усните во знак на протест, таканаречените економски мигранти и понатаму чекаат премин на границата. Порачуваат дека никогаш нема да се вратат назад.
Недела дена трае напнатата состојба на македонско-грчката граница поради група мигранти на кои не им се дозволува премин низ Македонија бидејќи не доаѓаат од земји кои се зафатени со војна.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски вели дека се е подготвено земјава да подигне жица кон јужниот сосед, ако Грција не ги врати во Атина луѓето кои на меѓународната пруга со денови протестираат.
Во кампот кај Гевгелија денес е необична тишина-мигранти речиси нема.
И денес доаѓаат семејства, но многу помалку од претсходните. Причината за тоа е големото невреме на југот од Грција порадо кое бродовите помеѓу островот Лезбос и копно не сообраќаат неколку часа. На напишани пораки кои мигрантите ги носат со себе е и молба: „Ве молиме отворете ги границите , никогаш нема да се вратиме“.
Пакистанците кои исто така се на пругата, ги осудија постапките на група мигранти кои си ги зашија усните.
„Храната и водата не се проблем. Проблем е затворената граница. Сакаме во Европа. Ова што некои си го направија на себе не е добро...“ вели бегалец од Пакистан.
Во меѓувреме УНХЦР јави дека околу 1000 бегалци и мигранти се наоѓаат заробени на главниот граничен премин во Македонија од Грција.
На лицата со одредена националност им е забранет влез, што во спротивност со меѓународното право, соопшти УНХРЦ.
„Новата хуманитарна состојба се развива во Европа која бара итно внимание“, рекол на конференцијата за новинари портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Адријан Едвардс , пренесе Ројтерс.
Во оделението за азил од 19 јуни се поденесени 75 барања за азил.
