Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕВГЕЛИЈА: Економски мигранти протестираат во меѓузоната

ГЕВГЕЛИЈА: Економски мигранти протестираат во меѓузоната

Стотици мигранти заглавија на македонско-грчката граница и веќе петти ден чекаат да влезат во Македонија.

„Не се враќаме назад” напишаа на своите транспарентни над илјада мигранти. Тие протестираат, бидејќи Македонија одбива да ги пушти поради тоа што не ги смета за легитимни баратели на азил.

Како што велат тие само сакаат да ја поминат границата и Македонија и да го продолжат својот пат кон земјите од ЕУ.

Според информациите од грчките волонтери во Идомени објавени на социјалните мрежи дел од мигрантите протестираат и штрајкуваат со глад.

Од петокот македонските власти, по примерот на Словенија, Србија и Хрватска пропуштаат само бегалци од местата каде што има воен конфликт, Сирија, Авганистан и од Ирак.

Слично

Поврзани вести