Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гевгелија: Бегалка од Сирија роди девојче!

Гевгелија: Бегалка од Сирија роди девојче!

МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден вкупно 1911 бегалци, во најголема мера од Блискиот исток, добиле потврда со цел да побараат азил, откако во Македонија влегле пеш од Грција.

Во вторникот во породувалиште во Гевгелија се породила една бегалка од Сирија која родила здраво женско бебе, што е пет случај на породување на бегалци во нашава земја годинава.

Според податоци на МВР од 19 јуни на бегалците од Блискиот исток им се издадени вкупно 106.918 потврди со цел да побараат азил.

Азил побарале и неколку десетици бегалци, додека повеќето го продолжуваат патот кон развиените земји на ЕУ.

Слично

Поврзани вести