Гевгеличани тријат раце, поскапуваат бензините во Грција
Поскапуваат горивата во Грција. Најголемо зголемување има во на цената на безоловниот бензин, кој во последните три дена е поскапен за 3 евроценти, пишуваат грчките весници. Просечната цена за литар безоловен бензин во Грција изнесува 1,737 евра.
Растот на цените на горивата принуди голем број трговци да го ограничат профитот со цел да не ги зголемуваат цените.
Поради високите даноци Грција останува една од најскапите земји во Европа во однос на цените на горивата. Според податоците на Европската комисија кон крајот на јануари земјата била на трето место по висината на цените, додека просечната цена на бензинот била 1,710 евра за литар.
Инаку вообичаено, при секое поскапување на горивата, грчките жители населени во близина на македонската граница, наместо во Грција, минуваат граница и полнат бензин во земјава.
Слично
