Германците заработуваат милијарди евра од рециклирање ѓубре
Рециклираните материјали се три до четири пати повредни од отпадот од кој настануваат. Во Германија, процесот на рециклирање е просперитетна гранка во индустријата. Годишно, германците заработуваат и 200 илјади евра од рециклирање.
Оваа економска гранка годишно расте за 14 отсто и обезбедува работа за околу 250.000 лица.
Луѓето учествуваат во рециклирањето на начин што го селектираат нивниот отпад според материјалот од кој е направен и така и го фрлаат. Пластика во еден контејнер, хартија во друг, а шишињата во посебна канта. Луѓето почнаа да го одделуваат отпадот, за подоцна тој да може да се рециклира.
Германија донесе и закон за пакување, со кој ги обврза сите производители да преземат одговорност за својот производ и откако ќе го продадат. Така се воведе дуалниот систем. Тоа е претпознатлив знак ,,зелена точка'' која производителите ја ставаат на производи што можат да се рециклираат.
