Германците се разбудија – трошат како луди
Потрошувачите во Германија конечно се разбудија, а се очекува и дека трендот на зголемено купување ќе се задржи во текот на годината, оценуваат економските аналитичари.
Каматната стапка на штедење во Германија е многу ниска, невработеноста е значајно намалена, цените на нафтата паѓаат, а зголемувањето на платите е поголемо од инфлацијата.
Германските потрошувачи одеднаш се чини дека почнаа да се грабаат за спортските кошули од брендот Adidas, но и за електрониката во малопродажните ланци Media-Saturn.
Продажбата на новите кујни пораснала за 10 отсто оваа година, наведуваат податоците од германскиот производител Haecker (Häcker Küchen).
Маркус Сандер, шефот за маркетинг на оваа компанија, која има повеќе од 1.200 вработени, вели дека Германците сега буквално се расфрлаат, купувајќи меѓудругото и кујни кои содржат највисока технологија, кои често чинат повеќе од еден просечен автомобил, токму затоа што кредитите се евтини, а штедењето поради ниските камати е непривлечно.
- Пред пет години ударни вести на насловните страни беа невработеноста, а сега може да читате за пораст на вработеноста, така што луѓето се многу помалку загрижени и трошат многу повеќе на мебел и куни, вели тој.
Многу знаци укажуваат дека потрошувачката би можела и дополнително да се зголеми оваа година, што е добра вест за земјите ширум еврозоната, кои засега се жалат дека Германците ги попречуваат поради нивната мала потрошувачка.
Невработеноста во Германија сега изнесува 6.5 отсто и е најниска уште од обединувањето во 1990-тата година. Работниците успеаа да договорат најголем пораст во заработувачката во последните две децении, а драматичниот пад на цените на енергентите исто така остава уште повеќе пари во џебовите.
Потрошувачката во домаќинствата во 2014-тата година најмногу придонесе за раст на најголемите европски економии, во последните три години. Заедно со опоравувањето од инвестициите, надминат е и легендарниот германски извоз како придвижувач на растот, наведуваат аналитичарите.
- Потрошувачите се сега во одлично расположение, речиси еуфорични, наведува стручњакот за пазарни истражувања Ролф Буеркл од агенцијата GfK.
Германците се сега поподготвени за купување отколку во било кој момент од 2006-тата година па наваму.
Владата очекува дека економскиот раст оваа година ќе изнесува 1.5 отсто, но други тоа го оценуваат како потценување. Осигурувањето "Алијанс" своите очекувања за раст ги подигна на 2.1 отсто од 1.6, имајќи предвид дека Германија е моторна сила која придвижува ширум целата еврозона.
Претседателот на Бундесбанката, Јенс Вајдман, го опиша падот на светските цени на енергентите како мал стимулативен пакет од економски мерки, кои ја ослободуваат готовината на потрошувачите, кои можат сега тие пари да ги трошат и на други нешта.
К.К.

Слично