Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците се повеќе бараат македонска стока

Германците се повеќе бараат македонска стока

Македонските компании во 2015 извеле роба во вредност од 4,05 милијарди евра, што е зголемување од 8,8 одсто во однос на претходната година.

Во истиот период, македонскиот увоз пораснал за 5,3 проценти, на 5,77 милијарди евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит изнесувал 1,72 милијарди евра , а покриеноста на увозот 70,2 одсто.

Најмногу се извезувале машини и транспортни уреди, хемиски сродни производи, додека извозот на храна е зголемен за 4,3 одсто во споредба со 2014.

Најголем дел од извозот, 44 одсто, е реализиран на германскиот пазар, и за една година скокнал 16,3 проценти.

Вториот најголем извозен партнер на Македонија лани била Бугарија, каде се продадени производи во вредност од 244 милиони евра, или за 1,0 одсто помалку од годината претходно.

Во увозот најзастапени биле платина и легури од платина, нафтени масла, електрична енергиија и друго.

Слично

Поврзани вести