Германците се плашат за платите, помалку трошат!
Потрошувачката доверба во Германија почнува да ги чуствува последиците од глобалните економски ризици, според денешните објавени резултати на едно истражување.
„Оптимизмот меѓу германските потрошувачи во извесна мерка избледе во март“, се наведува во соопштението на истражувачката компанија ГФК, пренесе Франс прес.
„Мала е веројатноста слабата побарувачка за германски услуги во низа клучни земји нема да има никакво влијание на економскиот раст на Германија“, се додава уште во соопштението.
Очекувањата на граѓаните во поглед на личните примања, како и спремноста на потрошувачка исто така претрпеле удар, иако и понатаму генерално се на високо ниво.
Што се однесува на април, индексот на доверба на домаќинствата, според предвидувања на ГФК, благо ќе забават на 9,4 поени од 9,5 поени.
