Германците и Германките ќе имаат исти плати!
Германија ќе донесе закон за изедначување на платата на мажите и жените, пренесуваат агенциите повикувајќи се на зборовите на министерката за женски прашања Мануела Швесиг.
Нејзната цел е да поттикне еднаквост без наметнување на ограничувањето на колективни преговарања или создавање на бирократско чудовиште.
Според сојузниот статистички уред, жените во Германија просечно заработуваат 2 центи помалку од мажите. Во 2013, мажите по час просечно заработувале 19,84 евра бруто, а жените 15,56 евра. Коалиционите партнери во германската влада се сложиле таа разлика законски да ја решат, а целта е поголема транспарентност во структурата на платата и зголемување на саатницата на професиите на кои традиционално повеќе работат жени.
Синдикатите ја поздравиле најавата на донесување на законот.
„Добро и праведно е што коалицијата повеќе не сака да трпи разлика во примањата на мажите и жените“, рекла Елка Ханнак, заменичка на лидерот на Сојузот на германски синдикати (ДГБ).
