Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците го сакаат отпадот од Фени, бил добар градежен материјал

Германците го сакаат отпадот од Фени, бил добар градежен материјал
Германски инвеститори од околината на Минхен биле заинтересирани за преработка на отпадот што настанува при производството во топилницата на „Фени индустри”, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Како што истакнува тој, по синоќешната средба со претставници на заинтересираните инвеститори било разговарано и со надлежните во „Фени индустри”. „Натамошните средби меѓу двете страни ќе ги утврдат деталите околу евентуалната нова германска инвестиција во Кавадарци. Пред некое време во нашиот град влегоа две германски инвестиции, фабриката на Дрекслермаер која ќе произведува електрични кабли за мерцедес Ц класа и винарница“, изјави  Панов. Отпадот од Фени се нарекува троска, а во многу земји токму троската се користи како материјал за изградба на патишта и на пристаништа.

Слично

Поврзани вести